Мобилни надоградби

Парцијални и тотални протези спаѓаат во мобилни надоградби, кои сами можат да се ваѓаат и ставаат. Индикација за изградба на овие протези е каде има неможност за изработка на мостови или импланти.

Парцијалните протези се подвижни протетски изработки за надоместување на изгубените заби во случаи кога не е можно да се направат мостови или импланти. Парцијалните протези се препорачуваат кај пациенти кои имаат заби во поедини регии во устата и можат да бидат:

1.Класични акрилни протези

Акрилатните протези се изработени целосно од акрилат кој може да биде цврст, флексибилен или пак да се изработени од комбинација на овие два вида акрилати.

2.Класична визил протеза

Кај овие протези скелетот е изработен од посебен биокомпатибилен метал со што протезите се потенки и нежни, помалку се чуствуваат во усната празнина, а воедно се и поцврсти и подолготрајни. Класична визил протеза – Овој вид на скелетирана протеза се придржува на останатите заби со помош на специјално дизајнирани лиени кукици, кој се изработуваат од иста легура како и основата на протезата. Кукиците ја држат цврсто протезата но се доволно еластични за да може да се извади протезата и да се чистат останатите заби.

3.Визил протеза со атачмен

Овој вид на визил протеза го решава естетскиот проблем на класичната протеза односно видливоста на кукиците. Кај неа се применува посебен начин на врзување со преостанатите заби односно со атечмени и пречки. За да може да се постигне естетскиот ефект преостанатите заби потребно е да се обработат и стават под коронки.

ЗАКАЖЕТЕ ТЕРМИН ЗА БЕСПЛАТНА КОНСУЛТАЦИЈА.

ул. Стив Наумов 49Б

Охрид - Maкедонија

+389 72 232 111

+389 46 200 400

Работно Време

Пон - Пет: 09:00 - 16:00

Закажи термин

кликни тука