Коронки и мостови
Коронки се поставуваат кај оштетени забни ткива, абразија, траума, кога оштетувањето не може да се надополни со пломба, неправилен облик, атипична положба на забот. Мостови се изработуваат при недостаток на еден или повеќе заби. Тогаш е потребно со стружење да се прилагодат забите кои се носачи на мостовите или коронките.
Метал керамика
Постојат повеќе материјали за изработка на забните коронки и мостови. Како најчесто користен во секојдневната пракса е металот како основа за изработка на коронките, врз која се моделира керамика со соодетна боја форма и големина на природниот заб што недостасува. Одличните својства како што се цврстина и долготрајност како и солидна естетика денес сеуште е вообичаена во протетската пракса особено наоѓа примена кај случаи во бочната регија. Металната внатрешност обезбедува стабилност и цврстина на забот, додека надворешната керамика го надополнува (имитира) обликот и бојата на природниот заб што недостига.
Цирконија
Цирконија коронките се едни од најзастапените керамички коронки кои се ставаат аз да се постигне подобар естетски изглед на забот кој со текот на годините потемнал или огрдел. Овие коронки се лесни за носење и се долготрајни. Исто така, цирконија коронките не се разликуваат од природните заби со што е многу тешко да се увиди разликата помеѓу коронката и веќе постоечкиот природен заб. Циркониумот е еден од најкористените материјали во стоматологијата пред се заради исклучителната цврстина, отпорноста на абразија и кршење, целосната индиферентност кон живите ткива и биокомпатибилност, како и исклучителната естетика. Транспарентноста и рефлексијата на светлина е скоро идентична како кај природните заби.
Фасетиран циркон
Коронките изработени од целосна керамика претставуваат одлично решение кога станува збор за врвна естетика. Целосно керамички забни коронки или порцелански коронки со нивните карактеристики како што се транслуцентност (проѕирност), боја и транспарентност (начинот на пропустливост и одбивност на светлината) најдобро ги претставуваат сите видливи карактеристики со голо око на природниот заб, што резултира со коронка што не може да се разликува од природниот заб. Најчеста примена целосно керамичките забни коронки наоѓаат во секојдневната пракса кога станува збор за фронтална регија како ламинати (фасети) каде се надоместува вестибуларната страна на забот. Овие коронки даваат најсоодветна замена на формата и бојата на природниот заб.
ЗАКАЖЕТЕ ТЕРМИН ЗА БЕСПЛАТНА КОНСУЛТАЦИЈА.
