Ендодонција
Тратманот за лекување на коренските канали на забот е неопходен кога пуплата ке се инфицира. Заболувањeтo на пуплата е едно од најчестите причини за силна забна болка, но самиот третман на оваа состојба е безболен. Под локална анестезија се отстранува воспаленото ткиво, се дезинфицира каналот и истиот се запечатува со специјално полнење. Интервенцијата се изведува во една или повеќе фази, зависно од тоа колку е инфициран забот.
Состојбата на воспаление на пулпата најчесто се јавува на заби кои имаат несаниран и длабок кариес.
Во New Smile извршуваме најсовремена ендодонција со машинска обработка на коренските канали.
Доколку имате прашања на оваа тема, слободно разговарајте со вашиот стоматолог во New Smile, кој ке ви даде одговори во врска со фазите, должината на третман, прогнозата на забот и сл.
